АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Жалфијата потекнува од Медитеранот и е неизоставен дел од приморската флора, со карактеристични сиво - зелени листови, меки на допир, како кадифе. Одамна ја нарекувале “симбол на вечниот дух” и тоа не е случајно. “Салваре” на латински значи “излекува, спасува”.

Се препорачува при воспалителни процеси на слузницата на усната празнина и на грлото, при гингивитис или воспаление на непцата. Успешно дејствува и при воспаленија на крајниците, а и при ларингитис или воспаление на гласните жици, како и за лекување на ранички на слузницата на усната празнина, предизвикани од протези или друг вид стоматолошки помагала.

GOOD NATURE чајот од жалфија може да се користи при настинка (може да се инхалира нејзината пареа што помага во прочистувањето на синусите), при нарушување со варењето на храната, за намалување на нивото на шеќер во крвта, за стимулација на функцијата на црниот дроб и за намалување на потењето. Во жешките летни ноќи, кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си купка од жалфија што ќе ве разлади и освежи.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature