АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Билната мешавина составена од листови од сена, маточина и нане, плод од сладок анасон и ајдучка трева помага за подобрување на функцијата на цревата во системот за варење. Билката мајчин лист или сена е најчесто користена билка за олеснување на празнењето на цревната содржина. Може да се користи и при клинички испитувања на дебелото црево или при слични други испитувања. Останатите билки во мешавината ја подобруваат функцијата на цревата, го помагаат варењето на храната и го забрзуваат исфрлањето на отпадната цревна содржина. Покрај ова, тие ја намалуваат можноста за појава на грчеви или непријатно чувство во стомакот, ефекти кои би можеле да бидат предизвикани од дејството на сената.

Се препорачува да се пие еднаш дневно, навечер. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Се препорачува консултација со доктор пред употреба на чајот при бременост и при лактација.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 1,5 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature