АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОВОЛНО ДЕЈСТВУВА ЗА РАЗМЕНА НАМАТЕРИИТЕ

Чајната мешавина која во својот состав содржи лист од бреза, цвет од хибискус, мајчина душица, лист од коприва, лист од нане, корен од глуварче, лист од магдонос, коњски опаш, чубрица, лист од маточина и плод од шипка дејствува поволно на метаболизмот на мастите и на процесите на мобилизација на мастите од масното ткиво, а со тоа и на водата која е врзана меѓу масните клетки во ткивата зафатени со целулитис. Дејствувајќи на подобрена продукција и проток на жолчниот сок, билките од мешавината го помагаат варењето на храната и поволно дејствуваат на размената на материите.

Се препорачува да се пие во текот на денот, незасладен. Особено благопријатно дејствува кога се пие пред јадење. Доколку не е поинаку пропишано, се препорачува максимална дневна доза од 1 l чај. Чајната мешавина не се препорачува за употреба кај деца помлади од 12 години, при бременост и при лактација, како и при постоење на оштетувања на бубрезите и на црниот дроб.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature