АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ЧАЈ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТОЛИЦАТА

Мешавина од кора од крковина (или крушина), риган (или планински чај), цветови од камилица, лист од сена (или мајчин лист) и сладок анасон. Сите компоненти во мешавината придонесуваат за подобрување при варењето на храната, забрзување на перисталтиката на цревата, обезбедување редовно празнење на цревата, намалување на грчевите, како и за зголемена елиминација на вишокот течности. Особено заради присутниот сладок анасон во мешавината, чајот не создава грчеви и се препорачува и за состојби на хронична опстипација.

Се препорачува да се користи навечер, пред спиење, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g, 100 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature