АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Претставува мешавина од билки која во својот состав содржи цвет од бозел, липа, тимјан, слатко дрвце и анасон. Билките имаат антисептични својства, предизвикуваат потење, го олеснуваат искашлувањето и дејствуваат благопријатно на организмот. Особено е карактеристично присуството на липа која предизвикува потење и на тој начин ја намалува зголемената телесна температура, која често се јавува како симптом при настинки. Од друга страна, билките бозел, слатко дрвце и анасон предизвикуваат олеснување при искашлувањето, а доколку се работи за непродуктивна кашлица и смирување на кашлицата. Тимјанот има дезинфекциски својства и дејствува силно антисептично на целиот организам.

Чајот против настинка се препорачува и како превентивно средство во периоди кога настинките се многу чести, а особено да се консумира во поголеми количини во период на самата настинка. Вкусот е исклучителен и благ, па пријатно дејствува и како благо енергетско средство.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature