АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Овошен чај аронија со брусница

Уште повеќе антиоксиданси и уште поголемо освежување!

Во потрага по чајна мешавина која, бездруго ќе биде најбогата со единствените антиоксиданси по својата вредност, создадовме комбинација на двата најмоќни извори на вакви компоненти.

Го создадовме новиот производ во палетата овошни чаеви GOOD NATURE - аронија со брусница!

И двата плода се извор на антоцијани, флавоноиди, микроелементи и на други материи полезни за човековиот организам.

Плодовите од аронија уште одамна го привлекоа вниманието на научниците, пред сè поради нивната темносина боја, која се должи на исклучително високото присуство на пигменти, наречени антоцијани. Токму антоцијаните се компоненти со силна антиоксидативна активност и во плодовите на аронијата се присутни во најголеми количини, повеќе отколку во кој било друг плод. Овие плодови имаат докажано позитивно дејство врз намалување на нивото на шеќер во крвта, регулирање на метаболизмот на мастите, подобрување на циркулацијата и врз намалување на можноста од срцеви заболувања.

Брусницата е плод кој, исто така, изобилува со антиоксиданси, но и со компоненти кои превенираат воспаленија на мочните патишта.

Избалансираната мешавина од аронија и од брусница, во која е додаден и плод од јаболко, пред сè е освежителен напиток со пријатно киселкав вкус, во којшто со задоволство ќе уживате, но и ќе си обезбедите подобро здравје.

Ве покануваме на шолја полна природа, на шолја полна здравје!

Аронија со брусница е правиот избор за сите љубители на добар и на вистински освежителен чај.

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature