АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Уште повеќе антиоксиданти во новиот овошен чај со аронија и со вишна GOOD NATURE

Плодовите од аронија се нарекуваат уште и „суперовошје“ токму поради исклучително високото количество антиоксиданти коешто го содржат. Споредено со други овошја коишто имаат антиоксидативна способност, како што се семето од грозје, брусницата или плодот од боровинка, аронијата предничи.

Инаку, аронијата како растение потекнува од северноамериканскиот континент од каде што бргу се пренела и во северноевропските земји и во Русија, а денес особено се користи во Германија.

Како извор на антоцијани, односно компоненти кои имаат способност да ги неутрализираат слободните радикали во организмот – антиоксидативна способност, аронијата помага при регулирање на нивото на гликоза и на холестерол во крвта, го штити црниот дроб и ја подобрува неговата функција, ги подобрува имунитетот, циркулацијата, прочистувањето на крвта и регулирањето на високиот крвен притисок.

Поседува и бактерицидно и антивирусно дејство и се препорачува да се користи при разни воспаленија, особено при оние на уринарните патишта.

Плодот од аронија содржи многу витамини, минерали и микроелементи и има карактеристично киселкав и опор вкус.

Новиот овошен чај со аронија во комбинација со другите плодови – круша, брусница и вишна, претставува извонредно вкусен и освежителен напиток, особено пријатен за консумирање во летните топли денови.

Новиот овошен чај со аронија и со вишна е вистински избор за љубителите на ледени чаеви.

Секое пакување содржи 100g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature