АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Плодот од брусница (Vaccinium macrocarpon, Ericaceae) има долга историја на користење, најнапред кај нативните Американи па сè до искусните, при користење чај, Англичани. Расте на планините, во шумите, а последниве десеттина години, на енормно големи површини се култивира, од каде и комерцијално се користи. Свежите бобинки од брусница многу потсетуваат на плодовите од шипка, не само поради изгледот, туку и по вкусот. Имаат сладок вкус, со слабо кисела нота, а заради присутните танини, по малку и ја стегаат слузницата во устата. Брусницата изобилува со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла, овошни шеќери и витамини. Брусницата е добар извор на витамините А, Ц, Б и на фолната киселина.

Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штитат од инфекции. Особено, како превентива, се препорачува за лица кои се подложни на вакви инфекции.

Заради антиоксидативните особини, брусницата ги превенира заболувањата кои настануваат како резултат на оштетувањата од слободните радикали. Го зголемува нивото на HDL - холестеролот (добрата фракција на холестеролот), предизвикувајќи 40% - нo намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Брусницата и присутните антоцијанозиди благопријатно дејствуваат и на очите, значително подобрувајќи ги симптомите на катаракта и на дијабетичната ретинопатија.

Поседува антибактериски особини и кон бактеријата Helicobacter pylori (бактерија која најчесто предизвикува чир на желудникот). На ист начин, брусницата го спречува и развојот на дентална плака, предизвикана од бактерии присутни во усната празнина и спречува заболувања на гингивите.

Без сомнение, брусницата поволно дејствува на човечкото здравје, а GOOD NATURE овошниот чај од брусница, со својот пријатен вкус и мирис, нема да ве остави рамнодушни!

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature