АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Богатство на вкусови и беспрекорно пријатен мирис

Овошниот чај со брусница Good Nature е изготвен од висококвалитетни плодови од брусница и од диво јаболко, помешани со малку хибискус.Плодот од брусница изобилува со витамините А, Ц, Б, како и со фолна киселина.Заради антиоксидативните осoбини, таа ги превенира заболувањата кои настануваат како резултат на оштетувањата од слободните радикали, а го зајакнува и имуниот систем. Го зголемува нивото на HDL-холестеролот (добрата фракција на холестеролот), предизвикувајќи 40% намалување на ризикот од срцеви заболувања.Брусницата изобилува и со антоцијани, проантоцијанидини, флавоноли, органски киселини, танини, етерични масла и со овошни шеќери.

Плодот од брусница содржи состојки кои го спречуваат слепувањето на уринарните бактерии на слузницата на уринарните патишта и на тој начин ги штити од инфекции. Особено како превентива, се препорачува за лица кои се подложни на вакви инфекции.Без сомнение, брусницата поволно дејствува на човековото здравје, а новиот овошен чај GOOD NATURE со 60% брусница, со својот пријатен вкус и мирис, нема да ве остави рамнодушни!

Уште една карактеристика на новиот чај со брусница е тоа што можете во него да уживате и да го консумирате и како компот, притоа вкусувајќи ги овошјата и билките кои остануваат по процедувањето. Плодовите од брусницата и дивото јаболко се вкусни и сочни, а воедно богати и со растителни влакна.

Содржи 60 % плод од брусница

Секое пакување содржи 100g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature