АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Сосема ново доживување со овошниот чај со лимонова трева и со кајсија

Во потрага по нови егзотични вкусови го направивме изборот кој веруваме дека ќе ви се допадне. Новиот овошен чај со лимонова трева и со кајсија е сосема нов вкус за нашиве простори поради лимоновата трева која е главна состојка во чајот.

Лимоновата трева е билка којашто повеќе е позната во Бразил, Шри Ланка, Малезија, Куба и на Карибите. На овие простори, а и пошироко, оваа билка традиционално се користи од многу одамна заради големиот број поволни особини кои ги поседува.

Таа има изразито силен мирис на лимон кој потекнува од етеричното масло во неа. Во ова масло има повеќе компоненти со особини кои ја прават мошне полезна. Лимоновата трева помага при варењето на храната, има антибактериски особини, особено кон бактериите кои предизвикуваат уринарни воспаленија, и поседува противвоспалително дејство.

Заради антибактериските својства лимоновата трева се препорачува да се користи во летните денови бидејќи помага при спречување цревни воспаленија и појава на дијареја.

Покрај овие дејства, лимоновата трева има и аналгетско дејство, па се препорачува за смирување болки во стомакот, главоболки и болки во мускулите.

Компонентите на лимоновата трева имаат антиоксидативни особини, а помагаат и за намалување на зголеменото ниво на холестерол.

Силниот мирис од испарливите масла во лимоновата трева ги одбива и инсектите и комарците, па оваа билка претставува и одлично природно средство против инсектите. Дејствува и антифунгално на дерматофити – габи кои најчесто предизвикуваат кожни реакции.

Широкиот спектар на полезни особини на лимоновата трева, покрај нејзиниот исклучително карактеристичен мирис на лимон, е причина повеќе да го пробате новиот производ GOOD NATURE.

Чајот од лимонова трева во комбинација со плодови од кајсија, круша и од јаболко е вистинско освежување. Може да се консумира и како леден чај, приготвен со неколку коцки лед.

Секое пакување содржи 80g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature