АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Претставува мешавина на кора од портокал со плодови од шипка и крушка, хибискус, маточина и цвет од багрем, со додаток на природна арома. Препознатлив е по својата освежителна моќ и киселкасто-сладок вкус збогатен со арома на свеж портокал. Кората од портокал богата со исклучителни етерични масла ñ дава слабо - горчлива линија на оваа комбинација. Релаксирачката моќ на овошниот чај од портокал најдобро ќе ја почувствувате во попладневните часови. Во летниот период, пригответе го чајот со мелен мраз и збогатете го со малку сок од свежо исцеден портокал. Додадете и неколку резeнки од лимон.

Благото седативно дејство на маточината ќе ви овозможи и полесно да заспиете, по напорниот работен ден. Најдобро е тогаш да го приготвите чајот топол и да му додадете неколку капки рум. Вистинско задоволство!

GOOD NATURE овошниот чај од портокал е вистинска освежителна и здрава напивка. Неверојатно вкусен и пријатен за пиење било како топол или како ладен пијалак.

Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2g чајна мешавина.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature