АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Овошни чаеви

За сите љубители на овошни вкусови, создадовме мешавини од сушени овошја и избрани лековити билки, ароматизирани со висококвалитетни природно-идентични ароми. Доколку и вашето омилено овошје е јаболкото, јагодата, портокалот или лимонот, праската или боровинката или можеби брусницата, ве покануваме на шолја овошен GOOD NATURE чај.

Овошните чаеви се вкусни, ароматични и бескрајно освежителни напивки кои може да се приготват како топли или ледени, во зависност од вашите желби и времето кога ќе одлучите да ги консумирате. Ви ги препорачуваме како свежо приготвени, послужени во комбинација со резeнки лимон или неколку капки рум, сè според вашиот вкус.

Одберете го вашиот вкус и пробајте GOOD NATURE овошен чај за да се уверите во свежината и да уживате во ароматичноста на овошјата!

Најново од
Good Nature