АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Чајната мешавина која во својот состав содржи лист од бреза, цвет од хибискус, мајчина душица, лист од коприва, лист од нане, корен од глуварче, лист од магдонос, коњски опаш, чубрица, лист од маточина и плод од шипка дејствува поволно на метаболизмот на мастите и на процесите на мобилизација на мастите од масното ткиво, а со тоа и на водата која е врзана меѓу масните клетки во ткивата зафатени со целулитис.

Дејствувајќи на подобрена продукција и проток на жолчниот сок, билките од мешавината го помагаат варењето на храната и поволно дејствуваат на размената на материите. Тешко е да се каже која од сите овие компоненти е носител на активноста на мешавината, бидејќи секоја билка има своја улога во антицелулитното дејство.

Листот од бреза ја зголемува количината на течноста која се исфрла надвор од организмот. На ист начин делуваат и листот од магдонос, коњскиот опаш, листот од коприва и корен од глуварче. Со помош на овие билки се зголемува количината на течноста која се исфрла од организмот, а со тоа се помага и исфрлањето на штетните материи присутни во организмот, вклучувајќи ги и мастите. Коренот од глуварче исто така делува и на црниот дроб, при што ја олеснува неговата работа при исфрлањето на токсините надвор од човековото тело.

Цветот од хибискус директно делува на метаболизмот на липидите во организмот, помага во уништувањето односно разградувањето на вишокот на масти и на тој начин ја олеснува работата за диуретиците во организмот кои помагаат во отстранување на вишокот на вода во ткивата зафатени со целулитис и го исфрлуваат надвор од организмот.

Листот од коприва и плодот од шипка се билки богати со витамини и минерали кои го надополнуваат евентуалниот губиток на витамини и минерали кое се предизвикува со исфрлувањето на течноста. Исто така ја прочистуваат крвта и овозможуваат подобра циркулација при што се подобрува и онаа во масните ткива.

Ефектот на чајната мешавина Целулит микс се зголемува доколку се комбинира со Sattwa балсамот против целулит.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие во текот на денот, незасладен. Особено благопријатно дејствува кога се пие пред јадење. Доколку не е поинаку пропишано, се препорачува максимална дневна доза од 1 l чај. Чајната мешавина не се препорачува за употреба кај деца помлади од 12 години, при бременост и при лактација, како и при постоење на оштетувања на бубрезите и на црниот дроб.

Достапен е во пакувања: 90г. и филтер-кесички 20х2г

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature