АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОМАГА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО КЛИМАКТЕРИУМ

Чајната мешавина која во својот состав содржи лист од маточина, корен од глуварче, сладок корен, пасифлора, лист од коприва, ленено семе, лист од нане, калуѓерски бибер, лист од гинко и цимицифуга помага за подобрување на состојбата во климактериум. Комбинацијата од цимицфуга и калуѓерски бибер помага во намалување на појавата на честите бранови на жештина и на ноќното потење. Останатите билки од мешавината помагаат во регулацијата на хормоналниот статус, го подобруваат метаболизмот и помагаат за подобар сон.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие два пати на ден. Се препорачува употреба на чајот најдолго еден месец, при што треба да следува пауза од две недели. Циклусот може да се повторува. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Не се препорачува негова употреба кај деца под 18-годишна возраст, при бременост и при лактација.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature