АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Чајната мешавина која во својот состав содржи надземен дел на ајдучка трева, кора од крушина, ризом од пиревина (пиреј), цвет од камилица, плод од боровинка, лист од капина, надземен дел на коњски опаш, ленено семе, корен од глуварче и плод од сладок анасон придонесува за ублажување на симптомите при појава на хемороиди. Голем дел од билките во мешавината го подобруваат варењето на храната, ја подобруваат перисталтиката (работата) на дебелото црево и ја омекнуваат столицата, при што ја прават погодна при појава на хемороиди. Дел од билките поседуваат и противвоспалително дејство, кое помага за подобрување на оваа состојба. Чајот, исто така, се препорачува и при состојби на крвавења од хемороиди, за запирање на крвавењето, и за смирување на болките при појава на хемороиди.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие двапати на ден. Поради присуството на кора од крушина, се препорачува употреба на чајната мешавина најдолго 2 недели, при што треба да следува пауза од 1 недела. Циклусот може да се повторува. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Се препорачува консултација со доктор или со фармацевт за лица коишто земаат и други лекови. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Достапен во пакување од 110 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature