АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОМАГА ВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ЛИПИДНИОТ СТАТУС НА ОРГАНИЗМОТ

Билките во чајната мешавината Холестри микс® имаат антиоксидативно, инотропно, антихипертензивно, противвоспалително, слабо седативно и диуретично дејство. Зелениот чај, со своето докажано антиоксидативнo дејство и со способноста за намалување на нивото на холестерол и на триглицериди, е главна состојка во мешавината. Дополнително, како поволни дејства се и оние на останатите состојки, кои помагаат во регулирање на нивото на холестерол и триглицериди, како и на регулирање на крвниот притисок.

Приготвениот чај Холестри микс® содржи кофеин.

Чајните мешавини кои содржат зелен чај имаат специфичен начин на приготвување, кој е особено значаен за добивање чаен напиток со лековити особини.

Свежо подготвениот чај се пие два пати на ден, незасладен. Доколку не е поинаку пропишано, се препорачува дневна доза од 1l чај.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: филтер - кесички 20 х 2 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature