АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Билната мешавина од маточина, ајдучка трева, жолт кантарион, корен од гавез, подабиче и ленено семе се препорачува на лица со повремена течна столица и помага за уредување на столицата или нејзина стабилизација, кај воспалителни форми на тенкото и дебелото црево. Помага во отстранување на спазматичните болки и придружните појави при грчеви во цревата. Помага да се намали надуеноста на стомакот, воедно стимулирајќи ја дигестивната функција на желудникот, панкреасот и црниот дроб.

Свежо подготвениот чај се пие 3 пати на ден, половина час пред секој оброк, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 100 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature