АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Билната мешавина од имела, коњско опавче, маточина, ајдучка трева, лист од коприва, лист и цвет од глог помага за подобрување на циркулацијата на крвта. Оваа мешавина се препорачува за подобрување на периферната циркулација и циркулацијата во централниот нервен систем, кај состојби на недоволна прокрвеност, пречки во крвотокот или воспалителни процеси на крвните садови. Билките во чајната мешавина имаат и умерено седативно и смирувачко делување на организмот.

Свежо подготвениот чај се пие два пати на ден. Се препорачува континуирано користење на чајот пет дена, по што се препорачува пауза од два дена. Циклусот може да се повторува.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот кое се наоѓа на амбалажата и за дополнителни информации консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Достапен е во пакување: 80 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature