АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Чајната мешавина од надземен дел на ајдучка трева, кора од врба, лист од нане, лист од маточина, надземен дел на мајчина душица, плод од сладок анасон, плод од калуѓерски бибер, корен од валеријана, надземен дел на пасифлора, плод од боровинка и од лист од рузмарин се препорачува за подобрување на симптомите при состојба на менструација. Билките во мешавината ја намалуваат надуеноста на стомакот, ги намалуваат грчевите во мазната мускулатура, со што ги олеснуваат менструалните болки, додека, пак, кората од врба со своето аналгетично дејство дополнително влијае за намалување на болките. Исто така, дел од билките влијаат и на општата состојба со своето благо седативно дејство. Менструал микс претставува вкусна комбинација за олеснување на менструалните болки.

Свежо подготвениот чај се пие двапати на ден. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Поради присуството на кора од врба во мешавината, се препорачува консултација со доктор пред употреба на чајот за лица со чир на желудникот и на дванаесетпалечното црево, со болести на бубрезите или на црниот дроб и со астма. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Достапен во пакување од 110 g

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature