АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

ЧАЈНА МЕШАВИНА

Чајната мешавина од кора од врба, лист од нане, лист од маточина, вратика, цвет од камилица, цвет од липа и од лист од рузмарин се препорачува за подобрување на состојбте при мигренозни главоболки. Билките во мешавината ја намалуваат зачестеноста и ги олеснуваат мигренозните или обичните главоболки. Тие имаат особини да ги ублажуваат симптомите на вртоглавица и на гадење, со што се овозможува олеснување на состојбата.

Препорачана дневна доза

Свежо подготвениот чај се пие два пати на ден. Се препорачува континуирано користење на чајот во период од два месеца, по што следува пауза од три недели. Циклусот може да се повторува. Заради избегнување појава на несакани ефекти (главоболка, нервоза, замор) не се препорачува прекинување со консумирањето одеднаш, туку се препорачува чајната мешавина да се пие еднаш дневно последните две недели. Да не се надминува препорачаната доза. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature