АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Кои сме ние

Приказната за Алкалоид се раскажува повеќе од 80 години, како една од најуспешните компании во Македонија од многу аспекти и претставува нераздвоен дел од мозаикот на целокупната економска слика во земјава.

Како дел од Алкалоид АД е профитниот центар Хемија, Козметика и Билкарство со богата палета производи за широка потрошувачка. Фокусот на профитниот центар е насочен кон производи со висок квалитет, градење добри односи со потрошувачите и со снабдувачите, промоција и продажба на постојните пазари, како и освојување нови.

Одделот Билкарство произведува спектар на чаеви под брендот GOOD NATURE, здрава храна под брендовите GOOD NATURE ENERGY и Good Morning GOOD NATURE, зачини и сушени зеленчуци – GRINI, додатоци на јадењата – Зачинал, јодирана сол и други производи.

Кои се нашите дејности

ОБРАБОТКА НА БИЛНИ СУРОВИНИ

Корени, листови, овошје, семе...Можностите за преработка ни овозможуваат производство на огромна палета хербален материјал во внимателно контролирана средина.

РАЗВОЈ НА НОВИ ПРОИЗВОДИ

Способноста на секој производител на чај лежи во уметноста на изнаоѓање вкусови, селектирање една или повеќе билки и формирање хармонични вкусови, истовремено зачувувајќи ја уникатноста на секоја од нив. Ригорозното оценување на вкусот обезбедува добро мислење на потрошувачите за нашите производи.

Размислувајќи во насока на користење здрава храна, новиот предизвик во Билкарство се токму ваквите производи: сушени овошја, јаткасто овошје, мусли – мешавини од жита. Новите вкусови на здрава храна ќе произлезат од нашите сознанија за хранливите вредности на ваквата храна, коишто ќе ги споделиме со сите кои ќе се определат за нив. Наша замисла е да го споиме корисното со убавото, сето спакувано во квалитетен производ GOOD NATURE.

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

Квалитетот на сите влезни суровини, како и на готовите производи, е обезбеден со контрола која се врши во нашата добро опремена лабораторија. Наша најважна цел е обезбедување производи со висок квалитет. Обезбедено е следење на сите производи, почнувајќи од нивниот развој, преку приемот на сите влезни суровини и други материјали, па сè до излезот на готови производи во маркетите за широка потрошувачка.

СЕРТИФИКАТИ КОИ ГО ПОТВРДУВААТ КВАЛИТЕТОТ НА НАШЕТО РАБОТЕЊЕ И НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ:

ISO 9001:2008

ISO 14001:2004

HACCP

HALAL

ORGANIC EU 2092/91

ORGANIC USDA-NOP

ORGANIC JAS

GMP

Најново од
Good Nature