АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

За љубителите на егзотични вкусови

Егзотична билна мешавина која претставува одлична комбинација на зелен чај, ѓумбир, куркума, комбуха во прав и ројбос. Сите билки од оваа мешавина се со веќе докажани својства кои помагаат во одржување, стимулирање и во ревитализирање на организмот.

Коренот од ѓумбир игра важна улога во традиционалната медицина, особено во азиските, но и во западните медицински системи, каде што главно се употребува поради своето позитивно дејство во дигестивниот систем. Модерната медицина се фокусира на неговата употреба за превенција од гадење и од повраќање, особено предизвикано во состојби на движење (патување). Ѓумбирот придонесува за подобра циркулација и за апсорпција на хранливи материи во организмот, со што помага за подобра апсорпција на куркумата кај консументите на овој чај.

Куркумата пак со нејзиниот антиоксидативен ефект е сѐ попопуларна во западната медицина. Антиоксидативните својства се должат на куркуминот, кој ги лови слободните радикали во телото, а одредени студии покажуваат дека го спречува процесот на создавање реактивни кислородни елементи, стимулирајќи ја активноста на макрофагите. Куркумата има дејство на заштита на црниот дроб, како и антимикробно и антиинфламаторно дејство. Куркумата во последните неколку години стана мошне актуелна меѓу истражувачите, докторите и корисниците поради научните испитувања кои сугерираат дека овој корен има и антиканцерогено и антитуморно дејство, на што се должи и нејзината зголемена нејзината консумација

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature