АЛКАЛОИД АД – Скопје
бул. Александар Македонски 12
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: + 389 2 2465 361

Oдличен вкус со благотворно дејство

Одлично избалансирана мешавина од лист од зелен чај, лимонова трева и лист од гинко, збогатена со секогаш пријатниот цвет од камилица. Комбинацијата со лимонова трева го прави чајот да биде уште попријатен за консумирање, давајќи му еден освежувачки вкус којшто нема да го заборавите. Поради етеричното масло во билката, таа има изразито силен мирис на лимон.

Покрај егзотичниот вкус, лимоновата трева има и многу полезни особини и се препорачува да се консумира пред сѐ во летниот период бидејќи, поради антибактериското дејство, помага при спречување цревни воспаленија и појава на дијареја.

Добропознато е дејството на листот од гинко, којшто помага во подобрување на меморијата кај луѓето, во подобрување на периферната и на мозочната циркулација, а поради ова е корисен и за подобрување на други мозочни активности. Заедно со цветот од камилица даваат една посебна нота во вкусот на оваа чајна мешавина, којашто се препорачува да се консумира секојдневно, пред сѐ поради превентивното дејство на сите билки во мешавината.

Оцени го производот:

0 1 2 3 4

Најново од
Good Nature