En

    Aјдучка трева

    Achillea millefolium L.

    Фамилија: Asteraceae

    Делови што се користат: надземен дел 

    Ботанички опис: повеќегодишно растение со цврсто стебло, кое на врвот се разгранува во голем број цветови со бела боја. Листовите се многубројни, ситно поделени и врежани, од каде што потекнува другото народно име на оваа билка – столисник

    Живеалиште: Европа, Азија и Северна Америка. Билката природно расте на ливади, покрај патишта и на суви места.

    Историја: име на родот – Achillea. Се смета дека билката името го добила според јунакот од грчката митологија Ахил, кој своите рани ги третирал со билката. Името на видот Millefolium ги опишува растението и неговите илјада листови. Сепак, најстарите податоци за оваа билка датираат од пред 60 000 години. Некаде околу 1960 година, во пештерата Шанидар во Ирак, се пронајдени тела на неандерталци, стари околу 60 000 години. Во гробниците, покрај нивните тела, пронајден е полен од неколку растенија, меѓу кои и од видот Achillea. Се смета дека телата се положени на постела од цветови, но не се знае дали истите билки биле користени и за медицински цели. 

    Употреба: традиционално, ајдучката трева се користи надворешно, за третман на мали површински рани и на изгореници. Во форма на чај сепрепорачува за стимулација на апетитот, за тешкотии при варењето на храната и за други интестинални нарушувања, како на пример гасови и подуеност. Во традиционалната медицина се употребува за менструални грчевии за нарушувања на менструалниот циклус.

     

    Библиографија:

    • Assessment report on Achillea millefolium L., flos, EMA/HMPC, 2011.
    • Herbal Medicine: Expanded Commission E monograph: Yarrow. American Botanical Council, 2000.
    • Michael Heinrich, Joanne Barnes, Simon Gibbons, Elizabeth M. Williamson. Fundamentals of Pharmacognosy and Phytotherapy. Elsevier Health Sciences, 2012.
    • Joanne Barnes, Linda A Anderson and J David Phillipson. Herbal Medicines, third edition. Pharmaceutical Press 2007.
    • WHO monographs on selected medicinal plants Volume 4: Herba Millefolii.Geneva: World Health Organization 2009.