Кои сме ние

    Приказната за „Алкалоид“ се раскажува повеќе од 80 години како една од најуспешните компании во Северна Македонија, од многу аспекти, и претставува нераздвоен дел од мозаикот на целокупната економска слика во земјава.

    Како дел од „Алкалоид“ АД е профитниот центар Хемија, Козметика и Билкарство со богата палета производи за широка потрошувачка. Фокусот на Профитниот центар е насочен кон производи со висок квалитет, градење добри односи со потрошувачите и со снабдувачите и кон промоција и продажба на постојните пазари, како и освојување нови.

    Одделот Билкарство произведува спектар чаеви под брендот Good Nature, здрава храна под брендот Good Nature Energy, зачини и сушени зеленчуци Grini, додатоци на јадењата „Зачинал“, прехранбена сол и други производи.

    Кои се нашите дејности

    ОБРАБОТКА НА БИЛНИ СУРОВИНИ

    Корени, листови, овошје, семе... можностите за преработка ни овозможуваат производство на огромна палета хербален материјал во внимателно контролирана средина.

    РАЗВОЈ НА НОВИ ПРОИЗВОДИ

    Способноста на секој производител на чај лежи во уметноста на изнаоѓање вкусови, селектирање една или повеќе билки и на формирање хармонични вкусови, истовремено зачувувајќи ја уникатноста на секоја од нив. Ригорозното оценување на вкусот обезбедува добро мислење на потрошувачите за нашите производи.

    Размислувајќи во насока на користење здрава храна, новиот предизвик во Билкарство се токму ваквите производи: сушени овошја, јаткасто овошје, мусли – мешавини на жита – итн. Новите вкусови на здрава храна ќе произлезат од нашите сознанија за хранливите вредности на ваквата храна, кои ќе ги споделиме со сите што ќе се определат за нив. Наша замисла е да го споиме убавото со корисното, сето тоа спакувано во квалитетен производ Good Nature.

    КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

    Квалитетот на сите влезни суровини, амбалажни материјали, како и на готовите производи е обезбеден со контролаташто се врши во нашата добро опремена лабораторија. Наша најважна цел е обезбедувањето производи со висок квалитет. Обезбедено е следење на сите производи, почнувајќи од нивниот развој, преку приемот на сите влезни суровини и други материјали, па сè до излезот на готовите производи во маркетите за широка потрошувачка.

    СЕРТИФИКАТИ КОИ ГО ПОТВРДУВААТ КВАЛИТЕТОТ НА НАШЕТО РАБОТЕЊЕ И НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ:

    ISO 9001:2015

    ISO 14001:2015

    ISO 45001:2018

    FSSC 22000 (ver 5.1)/ISO 22000:2018

    HACCP

    Kosher (каде што е применливо)

    HALAL

    ORGANIC EU 834/2007;

    ORGANIC USDA-NOP;

    ORGANIC JAS

    Organic MK (согласно Законот за органско производство на Република Северна Македонија)

    GFCO (каде што е применливо)