En

    Бел Слез

    Во јуни и во јули белиот слез носи светлорозови до бели цветови. Убавите цветови се примамливи но, сепак, кај ова растение коренот е тој што содржи најмногу слузни материи, па поради тоа од него се приготвува чајната напивка. 

    За разлика од другите чаеви, коренот од бел слез се приготвува со ладна или со млака вода. Една мала лажичка од коренот од бел слез се прелева со 150 ml млака или ладна вода. Се остава да стои 30 минути со повремено мешање и се цеди. Вака приготвениот чај се пие 2-3 пати дневно, голтка по голтка. 

    Секое пакување содржи 50 g корен од бел слез.