За да го добиете најдоброто од секоја ќесичка чај, особено внимание посветуваме на тоа да ви дадеме јасни насоки за неговото приготвување. На внатрешната или на една од надворешните страни на нашите кутии може да најдете инструкции за правилно приготвување на чајот и секогаш да уживате во совршено приготвена шолја чај.
Исто толку внимание посветуваме и на заштитата на околината. Сертификатот FSC (Forest Stewardship Council®) е највисокото ниво на осигурување на квалитетот во индустријата за хартија, индицирајќи дека хартијата е изработена во согласност со сите мерки за заштита на животната средина и дека потекнува од сертифицирана шума, со строги критериуми за обработка на дрвените влакна и со рационално искористување на сите природни ресурси.
Ние се грижиме сè што ќе добиете во вашата шолја чај Good Nature да биде со врвен квалитет.
Во чекор со светските трендови ги применуваме најновите иновации во однос на производството на самите ќесички чај, па така создадовме ќесички кои не содржат микропластика и кои се биоразградливи за уште поголем влог во заштитата на природата.
Подеднакво важно за здравјето на консументите, исто како и билките што ги селектираме за една ќесичка чај, се и нејзините составни делови. А кога станува збор за она што го добивате во својата шолја, ние ви нудиме филтер-ќесичка која:
• се склопува без употреба на лепила и без дополнителни материјали, како на пример метал или пластика;
• не содржи микропластика и која е биоразградлива;
• е произведена од филтер-хартија со неизбелена пулпа и со FSC-сертификат;
- има конец изработен од 100 % памук;
- содржи внимателно избрани билки со потврден квалитет.
Магични вкусови од природата во кои уживате со секоја голтка чај, знаејќи дека го добивате најдоброто од чајникот на природата, истовремено грижејќи се за неа! |