Планински чај
Стар, добро познат вкус, кој крие многу во себе. Испреплетена композиција од слатки, билни ноти и од етерични масла. Израснат со енергијата на сончевите зраци и со силата на земјата, органскиот планински чај е грижливо направен за вашето задоволство да трае.
Како најдобро да го доживеете чајот?Направете си своевидна церемонија секогаш кога приготвувате чај. Тоа ќе ве направи позадоволни, а оригиналноста на чајот ќе биде поубедлива пред оние со кои планирате да го испиете. Тоа ќе ви даде нота на посебна личност.
Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 1,5 g од надземниот дел на планинскиот чај.