Холестри микс
Чајна мешавина која помага во регулирање на липидниот статус на организмот
Билната мешавина се состои од листови зелен чај, лист од нане, од лист и цвет од глог, лист од маточина и од корен од ѓумбир. Мешавината помага во регулирањето на липидниот статус во организмот.
Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува дневна доза од 1 l чај.
Чајната мешавина не се препорачува за употреба кај деца и кај адолесценти помлади од 18 години, при бременост и при лактација.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја по 2g чајна мешавина.