Хибискус
Замислете го раскошниот цвет на хибискусот преточен во шолја чај Good Nature. Богат со витамини Ц и А,со свеж мирис и со освежително-киселкав вкус, кој ги разбиструва сите ваши сетила. Потекнува од африканскиот континент, каде што листовите од растението се користат како додаток за овошни салати и за пити. Секогаш свежо приготвен, препорачуваме да се пие како топол или како ладен пијалак. Исклучителната свежина на чајот од цветот на хибискусот ќе ве држи будни во текот на целиот ден, секој ден во годината.
Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 2g цвет од хибискус.