Целулит микс
Чајна мешавина која придонесува за намалување на целулитот
Чајната мешавина „Целулит микс“ содржи лист од маточина, кој помага за одржување нормална циркулација. Листот од бреза, листот од коприва, листот од магдонос и коњското опавче ја поддржуваат екскреторната функција на бубрезите. Мешавината содржи и мајчина душица, цвет од хибискус, лист од нане, корен од глуварче, чубрица и плод од шипка.
Свежо приготвениот чај се пие во текот на денот, незасладен. Особено благопријатно дејствува кога се пие пред јадење.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата.
Достапен е во филтер-кесички 20х2g.