Имелглог микс
Чајна мешавина на бела имела, лист, цвет и на плод од глог, плод од шипка, корен од валеријана, лист од маточина и на коњски опаш, која поволно дејствува врз регулирање на крвниот притисок.
Билките глог и имела имаат улога во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Листот и цветовите од глог придонесуваат за нормална срцева циркулација. Билките коњски опаш и шипка придонесуваат за продукција на нормално ниво на урина. Листот од маточина и коренот од валеријана имаат улога во одржувањето на менталното здравје и на когнитивните функции.
Чајот не се препорачува за деца и при бременост и доење.
Се препорачува да се пие 2-3 пати на ден, пред оброк.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Достапен е во филтер–кесички – 20 х 1,5 g и 100 g.