Политика за приватност
Контролор:
АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст „АЛКАЛОИД“)
АЛКАЛОИД АД Скопје ѝ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
КОИ СЕ ПРАВНИТЕ ОСНОВИ И ЦЕЛИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:
• за да ви ја обезбедиме бараната услуга, односно да ви обезбедиме информации за нашите производи и услуги;
• за други цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање или сте се согласиле, освен ако со закон не е предвидено поинаку;
• доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;
• заради исполнување на законските обврски што АЛКАЛОИД е должен да ги почитува и
• за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница. Повеќе за употребата на колачињата прочитајте ја нашата политика за користење колачиња (линк).
НА КОЈ НАЧИН ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД и со производи на АЛКАЛОИД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и во промотивни активности. За повеќе информации во врска со натпреварите и со другите промотивни активности видете ги официјалните правила за натпреварите и/или деталите објавени за секој натпревар/промотивна активност одделно. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од вашиот профил и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи. Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на АЛКАЛОИД. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „Кои се вашите права“. За да дознаете повеќе како ги добива АЛКАЛОИД вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ЗА ВАС?
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница.
Видовите лични податоци што ги собираме зависат од категориите на испитаниците и од активностите на обработка.
• Социјални мрежи и платформи: може да собереме податоци преку содржината што сами ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку сами ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или на платформите на трети страни, како што се: Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД или со производи на АЛКАЛОИД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и промоции. Може да собереме каква било информација која вие ја споделувате јавно и која е дел од вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, пол, роденден, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности кои ги објавувате на социјалните мрежи и платформи, а со цел да обезбедиме информации за користењето на нашите производи и услуги, да ни помогне подобро да ги разбереме вашите потреби и очекувања, а со тоа да ги подобриме нашите услуги и производи, како и да креираме соодветна промотивна содржина. Наедно, ги собираме вашите лични податоци и други информации што се потребни заради учество на наградни натпреварувања и за други промотивни активности. Во овој случај, собраните податоци се користат исклучиво заради спроведување наградни натпреварувања и заради други промотивни активности и нема да се користат за ниедна друга цел.
КАКО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку АЛКАЛОИД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на АЛКАЛОИД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. АЛКАЛОИД задржува контрола над употребата на овие податоци.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
право на пристап - право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка - доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење - право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката - право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците - право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД;
право на приговор - право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста - имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
бул. „Александар Македонски“ бр. 12,
1000 Скопје
за офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: [email protected]
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
• име на веб-страницата на која се повикувате;
• ваша врска и интеракција со нас и
• опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува.
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
Датум на последната измена 31.07.2021 Скопје
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (Cookies)
За да разбереме како ja користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).
Што се колачиња?
Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.
Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај АЛКАЛОИД АД Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.
ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ?
КОЛАЧИЊА ПОСТАВЕНИ ПРЕКУ НАШAТA ВЕБ-СТРАНИЦА
1. Колачиња потребни заради технички цели
КОЛАЧИЊА | ОПИС |
---|---|
ASP.Net | Идентификатор на складирање ASP-податоци, поставени кога се користи ASP-сесија () метод |
UniqueID | Анонимна идентификација на времетраењето на посетата, за статистичка анализа, со цел оптимизирање на веб-страницата. Не се прибираат лични податоци |
WHGCOOKIECONSENT | Ја памети одлуката за користење опциски колачиња. Ја чува вашата одлука да прифатите или да одбиете користење опциски колачиња. Не се прибираат лични податоци. Рок на траење: 12 месеци |
КОЛАЧИЊА ЗА АНАЛИТИКА И ПРИСПОСОУВАЊЕ
Овие колачиња прибираат збирни информации, со цел да ни помогнат да разбереме како се користат нашите веб-страници, колку се ефектни нашите маркетинг-кампањи или за да ни помогнат во креирањето на нашите веб-страници и апликации, со цел да го подобриме вашето користење на страницата.
Categories | Cookies |
---|---|
_gat | |
Google Analytics прибира информации со кои ни овозможува да ги разбереме интеракциите со нашите веб-страници, за во крајна линија да ги анализираме резултатите со цел обезбедување подобри услуги. | _ga |
ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ
КАКО МОЖАМ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ КОЛАЧИЊАТА?
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да го приспособите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги приспособувате преференциите секој пат кога ќе ја посетите веб-страницата, а, исто така, можно е да не работат и некои услуги и функционалности.
Подолу се наоѓаат неколку начини како може да ги контролирате колачињата.
Website Cookie Preference Tool: (алатка за претпочитани колачиња на веб-страницата): колачињата што ги претпочитате можете да ги одберете ако го посетите TRUSTe preference center, со кликнување на следниот линк: http://preferences-mgr.truste.com/
Browser Controls: (контрола на пребарувач): можете да ги поставите или да ги дополните контролите на својот веб-пребарувач да прифаќа или да одбива колачиња. Доколку одбиете колачиња (cookies), некои карактеристики и функционалности на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.
Disabling Most Interest Based Advertising: оневозможување на најголемиот дел од рекламирањето базирано на интересот на корисникот. Повеќето од рекламните мрежи ви овозможуваат начин да го откажете рекламирањето базирано на интерес. За повеќе информации посетете ја веб-страницата http://www.aboutads.info/choices/ или http://www.youronlinechoices.com
Mobile Advertising: (мобилно рекламирање): можете да ги откажете идентификаторите за мобилно рекламирање, кои се користат за некои видови рекламирање базирано на интерес, вклучително и оние што ги користиме ние, преку пристап до поставувањата (settings) на вашиот мобилен телефон (Apple или Android) и преку следење соодветни инструкции. Доколку ги откажете, ние ќе ги отстраниме сите податоци за вас и натаму нема да прибираме и да следиме ваши податоци. Ова значи дека, доколку во иднина решите да пристапите на нашите веб-страници, вие ќе бидете третиран како нов корисник во нашиот систем.
Do Not Track:(не следи): некои интернет-пребарувачи, како што се Internet Explorer, Firefox и Safari, ја вклучуваат и можноста да се пренесат сигналите Do Not Track или DNT. Бидејќи не се усвоени единствени стандарди за DNT, нашите веб-страници во моментов не процесираат и не реагираат на DNT-сигнали. АЛКАЛОИД АД Скопје сериозно пристапува кон прашањата за приватност и кон правото на сопствен избор и ќе вложи напори да продолжи со следење на најновите случувања во врска со DNT на пребарување и на примена на единствен стандард. За повеќе информации во врска со DNT посетете ја веб-страницата About Do Not Track website
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА
Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња, со цел да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење. Датум на последна измена 31.07.2021 Скопје.
Oпционални колачиња | Bклучи / Исклучи |
---|---|
Google Analytics прибира информации со кои ни овозможува да ги разбереме интеракциите со нашите веб страни за во крајна линија да го рафинираме тоа искуство за да обезбедиме подобри услуги. |
|