Чај за детоксикација
Мешавина на повеќе билки – ајдучка трева, жалфија, коприва, бреза, жолт кантарион, невен, кора од врба и други билки – кои заедно дејствуваат врз прочистување на крвта преку зголемена циркулација и преку диуреза и помага при детоксикација на организмот од разни токсични материи. Се препорачува долготрајна употреба на чајот, секогаш свежо приготвен, незасладен и пред оброк.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 350 g од чајната мешавина.