Витал Fe – Чајна мешавина со додадено железо

    МОЌТА НА БИЛКИТЕ, ЗБОГАТЕНА СО ЖЕЛЕЗО

    Чајот Витал Fe на Good Nature ги спојува внимателно одбраните билки со додадено железо за поддршка на вашата виталност и благосостојба во текот на денот.

    Комбинацијата од цвет од хибискус и корен од ѓумбир нуди освежителен вкус со пријатна природна пикантност. Создадена за уживање во секоја голтка, оваа чајна мешавина е одличен избор за сите кои сакаат да го надополнат својот активен животен стил со вкусен секојдневен ритуал.

    Железото придонесува за нормално формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин и за намалување на заморот и исцрпеноста. Коренот од ѓумбир придонесува за одржување на виталноста и енергијата, а цветот од хибискус придонесува за одржување на менталните и физичките способности и за зајакнување на организмот.

    Една порција приготвен чај (200 ml) обезбедува 15 % од препорачаниот дневен внес на железо. Овој чај можете да го консумирате како топол напиток или со додавање коцки мраз да го претворите во пријатно ладно освежување.

    Состојки: цвет од хибискус (65 %), корен од ѓумбир (20 %) и природна арома (содржи железо лактат дихидрат) (15 %).

    Приготвување:

    • Топол чај: Една филтер кесичка прелејте ја со 200 ml свежо зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути со повремено промешување. Пред да ја отстраните кесичката, нежно притиснете ја и исцедете ја за да се обезбеди што подобра екстракција.
    • Леден чај: Пригответе го чајот според упатството за топол чај, но употребете 150 ml свежо зовриена вода. Во приготвениот чај додајте 2–3 коцки мраз. Нето-тежина: 40 g (20 филтер кесички × 2 g).

    Начин на чување: Да се чува на суво и темно место, на температура до 25 °C.

    Не содржи кофеин!

    Good Nature Витал Fe – вашиот мал ритуал за повеќе виталност.