En

    Јаболко со цимет

    Претставува мешавина на исушени јаболка и на кора од цимет, дополнета со шипка, хибискус, круша и со липа. Плодот од јаболко содржи растителни влакна и пектински материи. Кората од цимет, додадена во комбинацијата, го нагласува природниот мирис на јаболкото, а воедно му обезбедува и посебен и единствен вкус. 

    Овошниот чај Good Nature од јаболко со цимет е особено пријатна и ароматична напивка. Некаде во длабочината на вкусот ќе почувствувате и киселкава нота, која доаѓа од шипката и од хибискусот и која ја обезбедува свежината на напивката. 

    Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја по 2 g овошна чајна мешавина.