En

    Зелени чаеви

    Пиењето чај е одраз на животниот стил, кој открива желба за постојано истражување мириси и вкусови во безброј варијанти. Оваа благородна традиција е креативно интерпретирана во новите зелени и црни чаеви Good Nature на „Алкалоид“ АД. 

    Под името „чај“, без никаква друга ознака или со ознака на земјата на потекло (кинески, руски, индиски, цејлонски), се подразбираат листовите и лисните пупки добиени од грмушката Thea sinensis, односно Camellia sinensis. Малкумина знаат дека зелениот и црниот чај се, всушност, листови од истата билка, Camellia sinensis, а се разликуваат според начинот на кој се обработени. 

    Свежо собраните листови најнапред се оставаат да овенат, па потоа се обработуваат, односно се валкаат, при што листовите се кршат. Сокот што излегува од клетките се врзува со кислородот од воздухот и со тоа настанува процес на ферментација. При овој процес се развиваат етерични масла, кои се од големо значење за аромата на самиот чај. На овој начин се добива црниот чај.

    Зелениот чај, за разлика од црниот, е неферментиран чај. Листовите веднаш по бербата подлежат на обработка со водна пареа, со што се спречува ферментацијата и се овозможува задржување на зелената боја на листовите. Зелениот чај, токму поради овој начин на обработка, задржува голем дел од активните соединенија и поседува значително посилни својства во споредба со црниот.

    ИЗБОР НА Зелени чаеви