Марокански чај од нане

    Оваа прекрасна земја е добро позната во светот по својот исклучителен чај од нане. Малкумина знаат дека, освен од нане, чајот се прави и од пoсебен вид зелен чај (Green gunpowder tea). Кај овој вид чај секое ливче од зелениот чај е посебно замотано во мала ролна или во топче. Соодносот меѓу зелениот чај и нането (Mentha spicata) е варијабилен и зависи од оној што го приготвува.

    Специјалниот начин на приготвување, исто така, влијае врз единственоста на вкусот на мароканскиoт чај од нане. Топчињата зелен чај најпрвин се потопуваат со мала количина жешка вода, се плакнат и таа вода се истура. Потоа се попарува со останатото количество зовриена вода и се додава нането.Честопати шеќерот се додава во оваа фаза. Како важен момент се смета сипувањето на чајот, кое треба да биде од повисоко за да пени повеќе. Едно од нештата што се секогаш исти е дека билките остануваат во чајникот, а секоја нова чаша чај има нов вкус.