En

    Билката чај (Camellia sinensis kuntze)

    Во најголем дел од светот под чај се подразбира напивката од Cameillia sinesis. Напивките од сите други билки се хербални чаеви или тисани (tisanes). Според Организацијата за храна и за земјоделство при Обединетите нации, втора најконсумирана напивка во светот е чајот од Camellia sinesis, по водата на прво место. Во зависност од периодот на ферментација на листовите од чај, се добиваат различни хербални напивки. Белиот се добива од најмладите неотворени пупки, додека зелениот чај се добива од млади листови и од пупки на билката чај. Веднаш по собирањето тие се обработуваат термички за да се запре активноста на ензимите и оксидативниот процес. Црниот чај e целосно ферментиран производ, додека улонг е полуферментирана форма на билката чај

    Зелениот чај содржи најмногу полифеноли, носители на антиоксидативното дејство. Брзата термичка обработка го запира процесот на разградба и се одвива веднаш по берењето на листовите. 

    • C.I. Heck, E. Gonzalez de Mejia. Beauty food: nutrition to support the skin, Functional and Speciality Beverage Technology, 2009.
    • Arnadi Ramachandrayya Shivashankara. Chapter 55 - Hepatoprotective Effects of Green Tea and its Polyphenols: Preclinical Observations. Polyphenols in Human Health and Disease, 2014.