En

    Чај против воспаление на простата

    Состав: лист од бреза, килавица, лист од мечкино грозје, лист од орев, коњски опаш, ризом од пиреј, ленено семе и пченкарна свила.

    Приготвување и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 200 ml ладна вода и се загрева до степен на вриење. Се остава да отстои 60 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Се пие свежо приготвен, трипати на ден, пред јадење.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.