En

    Климакс-микс

    Чајна мешавина која помага за олеснување на симптомите на климактериум

    Билната мешавина „Климакс-микс“, која освен што содржи лист од маточина, корен од глуварче, сладок корен, пасифлора, лист од коприва, лист од нане и лист од гинко, содржи и ленено семе,калуѓерски бибер и цимицифуга,кои придонесуваат за одржување на нормалната функција на организмот при состојба на менопауза. 

    Свежо приготвениот чај се пие двапати на ден. Се препорачува употреба на чајот најдолго еден месец, при што треба да следува пауза од две недели. Циклусот може да се повторува. 

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 120 g од чајната мешавина.