En

    Колит микс

    Чајна мешавина која придонесува за смирување на симптомите на колит

    Билната мешавина се состои од матичина, ајдучка трева, жолт кантарион, корен од гавез, подабиче и од ленено семе. Носечка функција во чајот има билката жолт кантарион, која придонесува за одржување нормална функција на цревата во системот за варење.

    Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден, половина час пред секој оброк, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.