Дијареал микс

    Чајна мешавина за подобрување на симптомите при појава на дијареја

    Чајната мешавина се состои од кора од даб, ризом од срце-трева (петопрст), цвет од камилица, лист од нане, од плод од боровинка, лист од јагода, ризом од иѓирот, лист од капина и од надземен дел на петровец. 

    Една супена лажица (за деца од 12 до 18 год.една кафена лажичка) од мешавината се прелива со 250 ml зовриена вода и се остава да врие 1-3 минути. Се остава да стои 15 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден. 

    Чајната мешавина не смее да се пие повеќе од 3 дена. Доколку по 3 дена нема подобрување на состојбата, се препорачува консултација со лекар. 

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 130 g од чајната мешавина.