En

    Чајна мешавина што придонесува за нормална функција на јајниците и на јајцеводите

    Состав: лист од тегавец, лист од мечкино грозје, коњски опаш, подабиче, ризом од пиреј, плод од шипка и плод од сладок анасон.

    Приготвување и начин на употреба:една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 250 ml вода и се вари 2-3 минути. Се остава да отстои 30 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Се пие свежо приготвен, трипати на ден, пред јадење.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.