En

    Вендо микс

    Чајна мешавина која помага при нарушена циркулација и при проширени вени

    Билната мешавина се состои од корен од линцура, ајдучка трева, лист и цвет од глог, цвет од камилица и од цвет од невен. Билките глог и ајдучка трева придонесуваат за одржување нормална периферна циркулација во организмот. 

    Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

    Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

    Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.