Дахбел микс
Чајна мешавина за подобрување на функцијата на дишните патишта
Чајната мешавина на корен од бел слез, мајчина душичка, лист од бел слез, лист од црн слез и на лист од коприва придонесува за одржување на нормалната функција на горните дишни патишта.
Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 80 g од чајната мешавина