Гавезов микс
Чајна Мешавина за подобрување на функцијата на цревата од системот за варење
Состав: лист од жалфија, корен од бел слез, корен од гавез, лист од маточина, пелин, срце-трева и жолт кантарион.
Приготвување и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 250 ml вода и се вари 3-5 минути. Се остава да отстои 15 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Се пие свежо приготвен, трипати на ден, незасладен, пред јадење.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.