Зелен чај со лимонова трева и гинко
Одлично избалансирана мешавина на лист од зелен чај, лимонова трева и на лист од гинко, збогатена со секогаш пријатниот цвет од камилица. Овој чај е со освежителен вкус и мирис на лимон, кој доаѓа од лимоновата трева. Мешавината ја комплетиравме со листови од гинко, кои даваат посебна нота во вкусот. По една шолја од чајот наутро одговара за почеток на секој ден.
Секое пакување содржи 50 g чајна мешавина