Хелико микс
Чајна мешавина која придонесува за нормална функција на дигестивниот систем.
Билната мешавина Хелико микс содржи мајчина душица, ајдучка трева, нане, жалфија и глуварче, кои придонесуваат за нормална функција на дигестивниот систем. Мешавината содржи уште и оригано, подабиче, корен од линцура, пелин и корен од коприва.
Свежо приготвениот чај се пие трипати на ден, половина час пред секој оброк, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.