Хеморо микс
Чајна мешавина која помага при хемороиди
Чајната мешавина се состои од надземен дел на ајдучка трева, кора од крушина, ризом од пиревина (пиреј), од цвет од камилица, плод од боровинка, лист од капина, од надземен дел на коњски опаш, ленено семе, корен од глуварче и од плод од сладок анасон.
Една супена лажица (за деца од 12 до 18 год. една кафена лажичка) од мешавината се прелива со 250 ml зовриена вода и се остава да врие 3-5 минути. Се остава да стои 30 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Свежо приготвениот чај се пие двапати на ден.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 110 g од чајната мешавина.